Македонија Филипче: Зибери користи евтина и лоша предизборна реторика

Филипче: Зибери користи евтина и лоша предизборна реторика

Фото: Арбнора Мемети

Не е вистина изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, дека тој како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал да се отворат границите и за да можат иселениците Албанци да дојдат да гласаат. Тој воопшто не е член на комисијата, а ова е само евтина предизборна реторика, оцени министерот за здравство Венко Филипче, откако Зибери на својот профил на Фејсбук објави дека тој помогнал да се отворат границите за да можат луѓето да дојдат во својата родна држава и да гласаат.

– Ја видов изјавата и морам да кажам дека е апсолутна невистина. Зибери не е член на комисијата. Ова е евтина предизборна реторика и тоа евтина и лоша и тој нема ништо да добие со ова. Целиот изминат период, комисијата работи на основа на исклучиво медицински индикатори, на медицината, на епидемиологијата како наука. Ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и, ако возможно, директорот уште денеска ќе биде сменет – рече Филипче.

Зибери на својот профил напиша:

„Добродојдовте иселеници! Родното место ве очекува! Иселениците сега можат да се вратат дома без тест и без четиринаесетдневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики во Владата! Јас како член на Комисијата за заразни болести и други членови, помогнав да се отворат границите и луѓето да можат слободно да се движат без протоколи препорачани ос СЗО. Зошто не? Вратете се дома за албански премиер!“

 

Mirë se vini mërgimtar!
Vendlindja ju pret!
Mërgimtarët tani mund të kthehen
në vendlindje pa test dhe jo në izolim 14…

Posted by Arben Ziberi on Tuesday, June 23, 2020