Спорт ФИФА го отпушти генералниот секретар Жером Валке

ФИФА го отпушти генералниот секретар Жером Валке

Светската фудбалската организација (ФИФА) го отпушти генералниот секретар Жером Валке, кој претходно беше суспендиран поради обвинувањата дека бил дел од шемата за профит од продажба на билети за Светското првенство, пренесува „Би-Би-Си“.

Педесет и петгодишниот Валке беше суспендиран од сите должности поврзани со фудбалот на 17 септември минатата година, откако беше обвинет за прекршување на повеќе начела од етичкиот кодекс на ФИФА.

Сега веќе поранешниот генерален секретар на ФИФА, кој беше именуван на функцијата во 2007 година, претходно ги отфрли сите обвинувања.

„Должноста генерален секретар ќе продолжи да ја извршува в.д. генералниот секретар Маркус Катнер“, стои во цитатот на „Би-Би-Си“, на дел од соопштението на ФИФА.

Етичкиот комитет на ФИФА на 7 јануари соопшти дека одлучил да отвори официјална постапка против Валке, откако го разгледал извештајот на своето истражно тело.