Свет Европа Евакуираните железнички станици во Минхен, отворени за сообраќај

Евакуираните железнички станици во Минхен, отворени за сообраќај

Двете железнички станици што синоќа беа евакуирани во Минхен, денеска повторно беа отворени за сообраќај. За време на новогодишната ноќ, германската полиција на „Твитер“ објави дека постојат предупредувања за можен терористички напад. Сепак, било утврдено дека не постојат докази за заканата.

Германија добила информации од известувачките служби на други држави дека Исламска држава планира да изведе напад во Минхен со седум бомбаши-самоубијци, соопшти германската полиција на прес-конференција.

– Веруваме дека одлуката беше оправдана бидејќи сметам дека не можеме да си дозволиме непотребни ризици кога се соочуваме со конкретни закани, локации и време – изјави баварскиот министер за внатрешни работи, Јоахим Херман.

Полицијата ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат големите собири и железничките станици. Предупредувањето беше издадено пред полноќ.