Видео Евакуиран аеродрмот во Атланта, се слушаат пукотници

Евакуиран аеродрмот во Атланта, се слушаат пукотници

Полицијата го евакуирала меѓународниот аеродром „Хартѕсилд-Џексон“ во Атланта поради сомнителен пакет. Светските медиуми јавуваат дека се евакуирани сите патници на аеродромот и се трага по сомнителен пакет, кој, наводно, се наоѓа во нечиј багаж.

Одредени медиуми, повикувајќи се на објави на социјалните мрежи, јавуваат дека на аеродромот дошло и до пукање.

На социјалната мрежа „Твитер“ има многу објави што говорат за пукање на аеродромот и оти патниците бегаат во паника.