Свет Европа ЕУ: Помош за Грција и за другите членки од 700 милиони евра...

ЕУ: Помош за Грција и за другите членки од 700 милиони евра поради мигрантите

Европската унија денеска објави дека има намера за Грција и за другите земји-членки да издвои 700 милиони евра итна хуманитарна помош за тие да се изборат со бегалската криза.

Планот за пружање помош во Брисел го изнесе еврокомесарот за хуманитарна помош и за управување со кризата, Христос Стилијанидес.

Како што пренесуваат светските агенции, средствата ќе бидат одобрени за наредните три години.

– За годинава ќе бидат издвоени 300 милиони евра и по 200 милиони евра во наредните две години – изјави Стилијанидес.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас изјави дека новиот план е потребен за да се спречи хуманитарната криза.

Владата во Атина соопшти дека од ЕУ побарала итна помош од 480 милиони евра за сместување на 100.000 бегалци и предупреди дека приливот на мигранти се заканува дека ќе ги исцрпи државните ресурси.