Македонија ЕУ: Подготвени сме да помогнеме во справувањето со штетите од поплавите

ЕУ: Подготвени сме да помогнеме во справувањето со штетите од поплавите

Европската Унија денеска преку официјално соопштение изрази длабоко сочуство до семејствата на жртвите од невремето кое вчера го погоди Скопје и околината.

„Европската Унија го изразува своето најдлабоко сочуство до семејствата кои ги загубија своите сакани во поплавите. Се надеваме дека сите оние кои беа повредени и погодени од катастрофата ќе имаат брзо опоравување. Во овие тешки моменти, Европската Унија е подготвена да им помогне на властите преку Механизмот за цивилна заштита на унијата, доколку таква помош биде потребна“, стои во соопштението од делегацијата на ЕУ во Скопје.