Свет Балкан ЕУ ќе ги повика земјите од Западен Балкан да воведат санкции на...

ЕУ ќе ги повика земјите од Западен Балкан да воведат санкции на Русија

На крајот од самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе треба да се усвои нацрт-декларацијата, во која се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога било

Photo by Guillaume Périgois on Unsplash

На заедничкиот самит што ќе се одржи следната недела, Европската унија (ЕУ) јасно ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да се усогласат со политиката на санкции на ЕУ против Русија, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

На крајот од самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен балкан ќе треба да се усвои нацрт-декларацијата до која увид имала Радио Слободна Европа. Притоа, во нацрт-декларацијата се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога било, во контекст на руската агресивна војна против Украина и другите безбедносни предизвици.

Шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ на 13 декември ќе се сретнат со колеги од шесте земји од регионот на редовниот годишен самит ЕУ-Западен Балкан.

„Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и заедничка одговорност. Додека ја продлабочуваме нашата соработка со партнерите, ги повикуваме да направат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ, како и да се постапат во согласност со тоа“, се наведува во нацрт-декларацијата.