Свет Балкан ЕУ ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за признавање на регистарските...

ЕУ ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за признавање на регистарските таблички

Србија и Косово ги признаа регистарските таблички на моторните возила и ги укинаа налепниците на табличките што се лепеа при влез во двете земји

Фото: Принскрин од прес-конференција European External Action Service - EEAS

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска ги поздрави одлуките на Косово и Србија за официјално меѓусебно признавање на регистарските таблички на моторните возила и за укинувањето на налепниците на табличките, пренесува весникот Данас.

Според Борел, одлуката е позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за нормализација на односите, како и досегашните обврски преземени од дијалогот во врска со слободата на движење.

Борел вели дека со овој чекор се покажува оти напредок во унапредување на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е можен и се поткрепува важноста за продолжување на работата на дијалогот што ја предводи ЕУ.

Жозеп Борел изјави дека меѓусебното признавање на регистарските таблички е чекор кон подобра регионална и европска интеграција на Западен Балкан, што носи корист за граѓаните од регионот.