Свет Балкан ЕУ ги повика Белград и Приштина на воздржаност и на разумност

ЕУ ги повика Белград и Приштина на воздржаност и на разумност

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и нејзиниот тим внимателно го следат развојот на односот помеѓу Белград и Приштина во последните неколку дена, а тоа ги вклучува и вчерашните случувања, велат од кабинетот на шефицата на дипломатијата на Европската Унија.

– ЕУ е во постојан контакт со двете страни по повод случувањата во саботата. Високата претставничка Могерини веќе разговараше со премиерот Вучиќ – изјави портпаролката Маја Коцијанчич.

Коцијанчич наведува дека ЕУ ги повикала двете страни да покажат неопходна воздржаност и разумност и да се вратат на дијалог.

Според нејзините зборови, дијалогот Белград-Приштина веќе покажал „опипливи, конкретни и позитивни резултати“ како за народот така и целиот напредок и за нормализирање на односите на двете страни што е резултат кој не би смеел да се испушти.

– Дијалогот е единствен начин за решавање на отворените прашања од заеднички интерес – додава Коцијанчич.