Свет Балкан ЕУ ќе им помогне на настраданите во Албанија

ЕУ ќе им помогне на настраданите во Албанија

По катастрофалниот земјотрес во Драч, Албанија, Европската Комисија (ЕК), реагираше со ветување дека ќе помогне на Албанија и на настраданите.

„По катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија ова утро, предизвикувајќи загуби на неколку животи, го изразуваме нашето длабоко сочувство на луѓето и на властите во земјата. Европската Унија стои солидарно покрај Албанија и е подготвена да понуди помош, вклучително преку Механизмот за помош на граѓаните. Нашиот Координативен центар за итни ситуации е во постојан контакт со граѓанската заштита во Албанија“, се вели во соопштението од ЕУ.