Свет Европа ЕЦБ ќе продолжи со финансиска помош на грчките банки

ЕЦБ ќе продолжи со финансиска помош на грчките банки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека ќе продолжи со тековната финансиска помош на грчките банки преку механизмот на вонредна состојба, кој е на сила од февруари оваа година.

„Со оглед на сегашните околности, управниот одбор на Европската централна банка одлучи да продолжи со итна ликвидност на грчките банки“, пишува во соопштението, но се додава дека одлуката може да биде преиспитана во секое време.

Во соопштението пишува и дека Европската централна банка ќе соработува со Националната банка на Грција за да се одржи финансиската стабилност.