сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕЦБ | 19 резултати

ЕЦБ нема да ја зголеми каматната стапка

април 7, 2017

Каматните стапки нема да се зголемат сè додека не заврши програмата за откуп на обврзници, која ќе продолжи до декември, изјави претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. Тој додаде дека откупот на обврзници ќе биде со темпо како и досега, во износ од 60 милијарди евра месечно. Според првиот човек на ЕЦБ, закрепнувањето на […]

Драги: Потребна е подобра координација на централните банки во светот

јуни 28, 2016

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, денеска апелираше на подобра координација меѓу водечките централни банки во светот за подобро соочување со предизвиците на денешната глобална економија. Ова Драги го истакнал на специјалниот форум во организација на ЕЦБ во лускузното одморалиште Синтра во Португалија. Претседателот на Европската централна банка ги повикал светските лидери да се […]

Наумов: Енормно зголемување на каматните стапки во услови на пад во Европа

март 22, 2016

Министерството за финансии за само една година енормно ги зголеми каматните стапки на државните записи, во услови кога каматните стапки во цела Европа опаѓаат, вклучително и референтната каматна стапка на Европската централна банка, која е на историско најниско ниво од 0,05 отсто, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, […]

ЕЦБ првпат во историјата ја намали референтната каматна стапка на нула

март 10, 2016

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали денеска својата референтна каматна стапка на нула од 0,05 отсто, во рамките на пакетот мерки чијашто цел е да ја поттикне ослабената економија на еврозоната. Референтната каматна стапка првпат во историјата на оваа банка е намалена на нула. – Централната банка ја намали каматната стапка на депозитите на банките […]

Грција и исплати 3,4 милиони евра на ЕЦБ

август 20, 2015

Грција денеска и испрати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра долг, откако министрите за финансии на еврозоната одобрија исплата на правата транша од 23 милијарди евра нова помош за Грција. Ратата која се состои од 3,2 милијарди евра главница и 200 милиони евра камата утринава е уплатена, како и 7,16 милијарди евра за враќање на […]

Гласањето за вториот пакет мерки, нов удар за СИРИЗА и за Ципрас

јули 23, 2015

Новите приоритени мерки за Грција поминаа, но не помина одново барањето на Ципрас за посилна поддршка од СИРИЗА. Во маратонската парламентарна дискусија, која финишираше со гласање во 4 часот изутрина, мерките ги поддржаа 230 од 298 присутни пратеници, против гласаа 63 пратеници, а воздржани беа пет. Дури 36 пратеници од левичарската партија се спротиставија на мерките […]

ЕЦБ ја зголеми итната помош за ликвидност на Грција на 900 милиони евра

јули 16, 2015

Европската централна банка ја заголеми итната помош за ликвидост на Грција на 900 милиони евра неделно, соопшти директорот на ЕЦБ, Марио Драги. Одлуката доаѓа откако грчката влада вчера се согласи со планот за спас, вреден повеќе милијарди евра. – Работите се сменија. Имавме серија вести на одобрување за финансискиот пакет, со повеќе гласања, различни гласања од […]

ЕЦБ ќе продолжи со финансиска помош на грчките банки

јуни 28, 2015

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека ќе продолжи со тековната финансиска помош на грчките банки преку механизмот на вонредна состојба, кој е на сила од февруари оваа година. „Со оглед на сегашните околности, управниот одбор на Европската централна банка одлучи да продолжи со итна ликвидност на грчките банки“, пишува во соопштението, но се додава дека […]

Ципрас: ЕЦБ и ЕУ сакаат да нè понижат

јуни 16, 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се спротистави на обидите на меѓународните кредитори да ја „понижат“ неговата влада и рече дека нивното инсистирање на дополнителни буџетски кратења е политички мотивирано. Ципрас рече дека сака спогодба со која ќе се стави крај на прашањето за излез на Грција од еврозоната, но додаде дека неговата влада е избрана […]

Гувернерот на Германија ги критикуваше мерките на ЕЦБ

мај 15, 2015

Гувернерот на германската централна банка, Јенс Вајдман, го критикуваше неделното зголемување на обемот на Итниот фонд за зачувување на ликвидноста (ЕЛА) во грчките банки. – Имајќи ја предвид забраната за монетарно финансирање на владата, сметам дека не е в ред на банките кои немаат пристап до пазарите да им се одобрат заеми кои потоа се […]

Жена му се нафрли на директорот на ЕЦБ

април 15, 2015

Демонстрантка упаднала на прес-конференција во Европската централна банка, извикувајќи дека ќе ја сопре диктатурата на ЕЦБ. Инцидентот се случил кога претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, ја почнувал конференцијата за новинарите по состанокот за политика на Европската банка. Драги по инцидентот се вратил и го продолжил своето изложување. https://www.youtube.com/watch?v=QAC3EGnr9hg

ЕЦБ од денеска почнува со откуп на државни обврзници

март 9, 2015

Со нова програма за откуп на државни обврзници, почнува од денеска Европската централна банка. Во настојувaње да поттикне економски пораст, ЕЦБ на 22 јануари донесе одлука за откуп на државни обврзници од своите членки така што, по пример на американската централна банка (ФРД), ќе обезбеди доволно пари за тоа купување со фиксни камати.

Одлуката на ЕЦБ ги урна светските берзи

февруари 5, 2015

Вредноста на акциите на европските и на азиските берзи утринава падна откако Европската централна банка одлучи повеќе да не ги прифаќа европските обврзници како гарант за кредитите. Одлуката на ЕЦБ следеше откако грчката влада одби да ја спроведе меѓународната програма за помош, договорена со Европска Унија, Европската централна банка и со Меѓународниот монетарен фонд. Грчката централна банка, […]

Милијардите на Драги го урнаа еврото, но ги кренаа акциите

јануари 23, 2015

Главната програма на Европската централна банка (ЕЦБ) за купување обврзници би требало да ја зајакне економијата во еврозоната, но тоа само по себе нема да биде доволно, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, повикувајќи ги владите да спроведат структурни реформи. – Би требало да помогне, но самото тоа нема да биде доволно […]

План од 1.000 милијарди евра за заживување на економијата во еврозоната

јануари 22, 2015

Европската централна банка (ЕЦБ) претстави план со кој се предвидува во наредните 19 месеци да бидат откупени државни и приватни обврзници во вредност поголема од 1.000 милијарди евра, што треба да помогне во заживувањето на економијата во еврозоната, соопшти денеска на прес-конференција во Франкфурт, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги. Како што соопштил претседателот на ЕЦБ, […]

Страна 1 од 1