Подглавна секција Енергетската криза и скрининг процесот во фокус на средбата на Пендаровски со...

Енергетската криза и скрининг процесот во фокус на средбата на Пендаровски со Фон дер Лајен

фото: принтскрин од видео / Претседател на Република Северна Македонија

Актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот биле во фокус на денешната средба во Софија меѓу претседател Стево Пендаровски и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата се разговарало за енергетската криза, при што претседателот Пендаровски изразил очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солдарност и справувањето со кризата.

Дел од разговорот бил и текот на скрининг процесот како важна фаза во пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Пендаровски истакнал дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од пристапниот процес.

Македонскиот претседател денеска е во Софија каде заедно со Фон дер Лајен и претседателите и премиерите на неколку други земји присуствува на церемонијата за почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција-Бугарија.