Свет Двајца загинати и 11 исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во...

Двајца загинати и 11 исчезнати во експлозија во рудник за јаглен во Колумбија

Најмалку две лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати по експлозија во нелегален рудник за јаглен во Колумбија, соопштија локалните власти.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во експлозијата, која е последица на запалив гас, повредено е едно лице.

Инцидентот се случил во централниот департмент Кундинамарка, на околу 90 километри од главниот град Богота.