Свет Експлозија во Кабул кај американската амбасада, четворица мртви

Експлозија во Кабул кај американската амбасада, четворица мртви

Силна експлозија одекнала во Кабул кај американската амбасада. Според локалните власти, четири лица загинале, а најмалку деветмина се повредени.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Масуд, каде што се наоѓаат бројни амбасади и на други западни земји. Авганистанската полиција соопштила дека мета на нападот најверојатно била филијалата на „Кабул банка“.

Според локалните медиуми, од јачината на експлозијата оштетени биле неколку згради.