Свет Експлозија во хемиска фабрика во Индија, тројца загинати

Експлозија во хемиска фабрика во Индија, тројца загинати

Најмалку три лица денеска загинаа, а 35 се повредени во експлозија во хемиска фабрика во индиската област Тане, северно од Мумбај, соопштија индиските власти.

По експлозијата избувнал пожар во фабриката.

Во Индија чести се случаите на пожари и други несреќи поради слабата примена на безбедносните мерки.