Свет Експлозија во Авганистан, загинаа седум цивили

Експлозија во Авганистан, загинаа седум цивили

Во експлозија на бомба покрај пат во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан загинаа седум цивили, а три лица се ранети, соопштија авганистанските власти.

За сега никој не презема одговорност за нападот.

Талибанците изминатите години се проширија во оваа област, по завршувањето на борбените мисии на меѓународните сили.