Хроника Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата.

Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот на станот со тешки повреди бил префрлен на Хируршкото одделение во Општата болница во Охрид.

Од пожарот и експлозијата, покрај штетите на мебелот и на прозорците на станот, оштетени биле и седум возила, паркирани во близина на зградата.