Свет Европа ЕК ќе ѝ обезбеди на Грција 700 милиони евра помош за бегалците

ЕК ќе ѝ обезбеди на Грција 700 милиони евра помош за бегалците

Европската комисија денеска објави дека за Грција до 2018 година ќе обезбеди 700 милиони евра за итно хуманитарно финансирање на Атина, за државата да се справи со масовната бегалска криза, пренесува АП.

Како што наведува оваа агенција, ова е првпат некоја членка на ЕУ да добие толкава помош, која ќе ја добијат хуманитарните организации што работат заедно со грчката влада и им помагаат на бегалците.

Комесарот за хуманитарна помош и за управување со кризни ситуации на ЕУ, Христос Стилианидес, наведе дека бил во Атина на потпишување на договорот со кој 83 милиони евра им се доделени на претставници на осум хуманитарни организации.