Свет Свет Едно лице загина во протестите во Истанбул

Едно лице загина во протестите во Истанбул

Едно лице загина во протестите во Истанбул, додека се обидувало да стаса до плоштадот Таксим. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите.

Педесет и седумгодишниот Наил Мавус починал откако бил удрен од возилото со воден топ додека се обидувал да стаса до плоштадот.

Голем број полициски припадници се обидуваат да ги спречат демонстрантите да стасаат до плоштадот Таксим.