Свет Европа Едно лице уапсено по напад со нож во Минхен

Едно лице уапсено по напад со нож во Минхен

Германската полиција денеска уапси едно лице по напад со нож во Минхен, во кој четири лица се полесно повредени, јавуваат германските медиуми.

Портпаролот на минхенската полиција соопштил дека уапсениот маж одговара на описот што го дале сведоци на нападот, но додал дека полицијата засега не може да потврди дека тој е напаѓачот.

Нападот се случил утрово во близина на Розенхајмер плац, во источниот дел на градот, каде осомничениот со нож нападнал пет мажи и една жена.

Полицијата, според портпаролот Маркус да Глорија Мартинс, засега не го утврдила мотивот за нападот.

Како што е соопштено, кај ниту една од жртвите не се констатирани животно-загрозувачки повреди.