Свет Дваесет лица се повредени во експлозија на бомба во болница на Тајланд

Дваесет лица се повредени во експлозија на бомба во болница на Тајланд

Најмалку 20 лица се повредени во експлозија на бомба во болница во Бангкок, соопштија денеска тајландските власти. Истражителите на местото на експлозијата пронашле остатоци од батерија и жици од експлозивна направа.

Засега никој не ја презема одговорноста за експлозијата во воената болница, кој исто така е отворена и за цивили.

– Имаше бомба. Пронајдовме делови кои се користени за изработка на бомбата – изјави шефот на полицискиот тим за експлозии, Хамтхорн Аухароен и наведе дека властите ги проверуваат снимките од надзорните камери.