Македонија ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

ДУИ и Беса во водство кај гласачите Албанци, покажуваат анкетите

На изборите на 11 декември, 13,4 отсто од граѓаните Албанци ќе гласаат за Демократската унија за интеграција (ДУИ), а 10,2 својата доверба ќе ѝ ја дадат на Беса, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за креирање политики и добро владеење, пренесува „Телма“.

Според анкетата, Демократската партија на Албаниците (ДПА) се наоѓа на третото место со 6,3 отсто од гласовите на граѓаните од албанското гласачко тело, а по неа следува Движењето за реформи на ДПА со 5 отсто. Анкетата покажува дека СДСМ има 4 отсто поддршка од гласачите Албанци, а по него следуваат НДП – Весел Мемеди со 1,3 отсто, НДП – Фадил Зендели со 1,9 отсто и Унитети со 0,8 отсто поддршка.

За опцијата „ниту една/не знам“ од анкетниот прашалник, се определиле 31,6 отсто, а одговор немале 24,8 отсто од испитаниците.

Анкетата била спроведена телефонски, од 7 до 15 октомври, на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.