Свет Европа Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

Летовите на британскиот аеродром во Манчестер на кратко биле суспендирани по информацијата дека во таа област се појавило беспилотно летало – дрон.

Како што соопшти управата на аеродромот, некои појдовни летови се одложени, неколку дојдовни летови се пренасочени, а една писта е затворена, додека хеликоптерот на полицијата ја проверувал информацијата за појавата на дронот кој сè уште не е пронајден.