Свет Балкан Дождот го изгасна големиот пожар во Хрватска кај Омиш, предизвикувачот е приведен

Дождот го изгасна големиот пожар во Хрватска кај Омиш, предизвикувачот е приведен

Дождот кој заврна утринава, помогна да биде речиси изгаснат големиот пожар кај градот Омиш во Хрватска, кој бил подметнат, јавуваат хрватските медиуми. Екипите од пожарникари, војници и локално население уште се борат со поединечни жаришта, односно внимаваат да не почне ново разгорување.

Припадници на хрватската армија беа испратени како помош на пожарникарите во гаснење на големиот пожар во близина на Омиш, а вклучени беа и четири канадери и еден хеликоптер.

Пожарот беснееше и вчеравечер и ноќеска, а на а терен се наоѓаа 143 пожарникари со 44 возила од сплитското, шибенското, задарското и дубровничкото подрачје.

Како виновен за предизвикување на пожарот претпладнево бил приведен 29-годишен маж, соопшти хрватската полиција.