Македонија ДИЖС: 3.000 евра казна за запалена депонија во Велес

ДИЖС: 3.000 евра казна за запалена депонија во Велес

Фото: ДИЖС

На 29 јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

„По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор), согласно Законот за управување со отпад. Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде каде што комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон. Известување до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции. Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух,“ се вели во соопштението на Државниот инспекторат за животна средина.