Македонија Директорот на БЈБ, Савовски, се сретна со својот колега од ЕУЛЕКС на...

Директорот на БЈБ, Савовски, се сретна со својот колега од ЕУЛЕКС на Косово

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска се сретна со директорот на ЕУЛЕКС во Косово, Оливер Хофман.

На средбата, како што соопштуваат од МВР, било разговарано за размена на информации за организирани криминални групи, кои функционираат од двете страни на границата, како и за подобрување и за продлабочување на соработката меѓу двете полиции.

„На состанокот беше договорено наскоро да се одржи повторна средба помеѓу двата полициски директори и надлежни полициски единици, за координирање на полициските активности меѓу двете полициски служби околу актуелни криминални истраги, разгледување на можноста за заеднички истражни тимови и се нагласи особено добрата соработка во заштитата на сведоци“, стои во соопштението на МВР за средбата.