Дописници Дино Мерлин, главна ѕвезда на годинешниот „Пивофест“ во Прилеп

Дино Мерлин, главна ѕвезда на годинешниот „Пивофест“ во Прилеп

Дино Мерлин го потврди настапот на претстојниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест“ во Прилеп, кој ќе се одржува од 16 до 19 јули.

Предвидено е Мерлин да биде последната ѕвезда на годинешниот фестивал на пивото, односно со неговиот настап да се затвори „Пивофест“.

Неофицијално, веќе се во финална фаза преговорите за учество во забавниот дел на Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и на групата „Прљаво казалиште“.

Атмосферата дополнително ќе ја загреат и домашните артисти Ален Хасановиќ, Наум Петрески, „Љубојна“ и Панчо и „ДНК“.