Главна секција Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Димитров, Коѕиас и Нимиц за пет дена на нова средба во Виена?

Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми, пренесува МИА.

На оваа средба, според грчките медиуми, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид. За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште една средба, како што најави Коѕиас од Охрид, на 4 и 5 мај во Солун.