Македонија Димитров и Османи во дводневна посета на Брисел – ќе имаат средби...

Димитров и Османи во дводневна посета на Брисел – ќе имаат средби со Могерини и со Хан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Двајцата министри ќе имаат средби со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Тема на разговорите ќе бидат новите можности на евроинтегративните процеси на Македонија, кредибилноста на процесот на проширување на Унијата, а но и регионалните предизвици во контекст на соработката на земјите од Западен Балкан.

Во рамките на посетата, Димитров и Османи исто така ќе учествуваат и на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите – членки на ЕУ, организиран под покровителство на постојаните претставници на Шведска и Бугарија во ЕУ, каде заедно со шефот на македонската дипломатијаќе реферираат за напредокот на Македонија во спроведувањето на реформите за европска интеграција.
.