Македонија Димитров и Коѕијас ги завршиле разговорите со работна вечера

Димитров и Коѕијас ги завршиле разговорите со работна вечера

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Виена четири часа разговараа за решение на спорот за името, а средбата ја завршиле со работна вечера.

По средбата, шефовите на дипломатии на двете земји не дадоа изјави за медиумите.

Посредникот во преговорите Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на ОН рече дека имало интензивна дискусија во многу срдечна атмосфера и дека процесот на преговори ќе продолжи следната седмица.