Македонија Денеска се регистрирани 39 нови случаи на ковид-19 и 12 оздравени пациенти

Денеска се регистрирани 39 нови случаи на ковид-19 и 12 оздравени пациенти

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2.

Во изминатово деноноќие не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124, бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.