Македонија Денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид-19, по подолго време нема...

Денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид-19, по подолго време нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-17, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-11, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-6, Берово-4, Виница-3, Делчево-12, Кратово-2 и Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти од: Скопје-59, Куманово-34, Дебар-28, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-6, Гостивар-17, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-6, Берово-2, Виница-7, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4 и Неготино-5. Во изминатово деноноќие нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762,  бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 44, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.