Македонија Денеска регистрирани 164 новозаболени од ковид-19, 74 оздравеа, починаа пет лица

Денеска регистрирани 164 новозаболени од ковид-19, 74 оздравеа, починаа пет лица

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6 и Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7 и Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786,  бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздравени лица од вчерашните.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.