Главна секција Денеска регистирани 74 новозаразени со ковид-19, починаа три лица, а оздравени се...

Денеска регистирани 74 новозаразени со ковид-19, починаа три лица, а оздравени се 90 пациенти

Во последните 24 часа од направените 689 тестирања, регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека починати се три лица во болнички услови, и тоа пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.).

Бројката на починати во земјава од почетокот на епидемијата достигна 500 лица, додека ковид дијагностицирани се вкупно 11.128 лица, оздравени пациенти се 6.972, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.

На Инфективната клиника во последното деноноќие примени се 4 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти и еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.