Македонија Денеска има 27 нови случаи на ковид-19, оздравеа 192 и починаа 19...

Денеска има 27 нови случаи на ковид-19, оздравеа 192 и починаа 19 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а се регистрирани 27 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје се евидентирани 19 нови случаи, во Прилеп, Штип и Виница по 2, а во Струга и во Кочани по еден.

Регистрирани се 192 оздравени пациента од: Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по еден оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58, 61, 67, 74, 76, 76 и 78), 3 лица од Тетово (46, 72, 74), по 2 лица од Прилеп (61 и 67) и Ресен (66 и 73), по едно лице од Велес (63), Гостивар (78), Охрид (85), Виница (68) и Гевгелија (76). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452, информира Министерството за здравство.