Македонија Денеска 6 нови случаи на ковид-19, оздравеа 10 пациенти, нема починати лица

Денеска 6 нови случаи на ковид-19, оздравеа 10 пациенти, нема починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1.

Во изминатово деноноќие не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 221.