Македонија Денеска 1.908 нови случаи на ковид-19, пријавени се 26 починати лица

Денеска 1.908 нови случаи на ковид-19, пријавени се 26 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се  5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на ковид-19. Најмногу нови случаи се забележани во: Скопје – 972, Кавадарци – 112 и Куманово – 111. Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 254 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починато лице од  Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп  (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022 година.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од ковид-19.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 од починатите се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 17.182.