Македонија Денеска 1.269 нови случаи на ковид-19 од 4.047 тестирања, од кои 162...

Денеска 1.269 нови случаи на ковид-19 од 4.047 тестирања, од кои 162 реинфекции

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 4.047 тестови, а регистрирани се 1.269 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се од Скопје – 686, Тетово – 75 и Битола – 65.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (1.269), регистрирани се 162 реинфекции меѓу тестираните лица.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 4 починати лица од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две починати лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и 84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 91 година. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 848 оздравени пациенти од ковид-19 во изминатово деноноќие.

Досега во земјава се направени вкупно 1.852.018 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 10.095.