Хроника Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

Четири автомобили изгореа на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема

Фото: Brian Fegter on Unsplash

Четири автомобили биле зафатени во пожар кој избувнал ноќеска во три часот по полноќ на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во СВР Скопје, во 3 част и 11 минути било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, информираат оттаму.