Македонија Централен регистар со продолжено работно време за поднесување на пријави за локалните...

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување на пријави за локалните избори

Фото: Архива на Мета

Централен регистар информира дека од недела до среда ќе биде со продолжено работно време, односно регионалните регистрациони канцеларии ќе работат со дежурства поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.

Работното време е следно:

Недела – 12.09.2021 – 08 до 16 часот
Понеделник – 13.09.2021 – 08 до 20 часот
Вторник – 14.09.2021 – 08 до 20 часот
Среда – 15.09.2021 – 08 до 20 часот