Свет Бунтовниците се евакуираат од предградието на Дамаск

Бунтовниците се евакуираат од предградието на Дамаск

Стотици сириски бунтовници и нивните семејства, денеска во согласност со договорот со сириската влада, почнаа да го напушаат предградието на Дамаск, Барзех, кое е под опсада на владините сили и се упатуваат кон провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците. Таа се наоѓа долж границата со Турција.

Спогодбата беше постигната вчера.

Во текот на последните месеци, десетици илјади лица, кои живееја во регионите што се под опсада на владините сили во Хомс и во Алепо, се предадоа, согласувајќи се да бидат преместени во области што се контролирани од опозицијата во други делови на Сирија.

Сирискиот центар за надзор на човековите права соопшти дека денеска се очекува околу 1.500 лица да го напуштат предградието, а во текот на следните денови ќе бидат евакуирани уште лица.