fbpx
Таг: Дамаск

таг: Дамаск

Сириски медиуми: Израел изврши воздушни напади врз аеродромите во Дамаск и во Алепо

Сириските државни медиуми објавија дека израелските воздушни напади попладнево ги погодиле меѓународните аеродроми на сирискиот главен град Дамаск и северниот град Алепо. Пистите се оштетени и исклучени од сообраќај, јави новинската агенција Асошиејтед прес.  Државната новинска агенција САНА цитирала неименуван воен функционер кој рекол дека во нападите нема повредени. Израелската војска одби да коментира во однос на нападите, јавува АП. Ова...

Во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот

Прекинот на огнот на југозападот на Сирија стапи на сила напладне по локално време во Дамаск. САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот на југозападот на Сирија, а тоа го соопштија по средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин, на самитот на Г20 во Хамбург. Договорот за прекин на огнот до кој дојдоа САД...

Бунтовниците се евакуираат од предградието на Дамаск

Стотици сириски бунтовници и нивните семејства, денеска во согласност со договорот со сириската влада, почнаа да го напушаат предградието на Дамаск, Барзех, кое е под опсада на владините сили и се упатуваат кон провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците. Таа се наоѓа долж границата со Турција. Спогодбата беше постигната вчера. Во текот на последните месеци, десетици илјади лица, кои...

Бунтовници ја загадиле водата во Дамаск

Претставниците на водоводот од Дамаск јавија дека се принудени да ја намалат испораката на вода во сириската престолнина затоа што бунтовниците ја загадиле водата со дизел-гориво. Додека проблемот не се реши, жителите на Дамаск ќе користат резерви на вода, најавија градските власти.

Повеќе загинати и повредени во терористички напад на пазар во Дамаск

Во северниот дел на сириската претстолнина Дамаск, експлодирал автомобил-бомба на пазар, а во експлозијата има и жртви и повредени, јавува АФП. Засега нема информации за бројот на загинати и на повредени лица.

Во три експлозии во Дамаск загинаа 45 луѓе, повеќе од 100 се повредени

Најмалку 45 луѓе денеска се убиени, а 110 ранети во три експлозии на бомби во близина на шиитска џамија, јужно од престолнината Дамаск. Една од двете експлозии е предизвикана од автомобил-бомба, а причините за другите експлозии засега не се познати. Сириската државна телевизија јави дека се случиле две терористички експлозии од кои едната е предизвикана од автомобил-бомба, додека другата ја предизвикал...

Осум загинати и 23 повредени во гранатирање на Дамаск

Најмалку осум лица загинаа, а 23 се повредени во гранатирањето на Дамаск, Сирија. Во гранатирањето на Дамаск причинета е и материјална штета. Авијацијата на сириската војска редовно ја бомбардира зоната која се граничи со главниот град. Најсмртоносниот напад во центарот на Дамаск беше во април 2014 година, кога загинаа 14 и беа повредени повеќе од 80 лица. Бунтовниците тогаш гаѓаа училишен комплекс во...

Во артилериски напад на Дамаск, 40 луѓе загинаа

Четириесет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во артилерискиот напад на сириските владини сили врз предградие на Дамаск, што го контролираат бунтовниците. - Силите на режимот истрелаа повеќе од 12 ракети врз пазар во Дума, источно од Дамаск. Четиритесет лица беа убиени, а најмалку сто беа ранети - изјави директорот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, Рами Абдел Рахман.

Блек: Ако падне Дамаск, ИД ќе тргне на Европа

Американскиот сенатор Ричард Блек смета дека светот ќе се соочи со катастрофални последици доколку припадниците на Исламска држава го освојат главниот град на Сирија. Блек во изјава за телевизијата „Раша тудеј“ рече дека е особено загрижен за судбината на Дамаск, Блискиот Исток и на Европа. - Ако Дамаск падне, црното знаме на Исламската држава ќе полета. За неколку месеци ќе ги...

Ракетен напад на Дамаск

Три лица загинаа, а 35 се повредени во ракетниот напад на Дамаск, што е втор жесток напад на бунтовничката група Армија на исламот, изведен за помалку од две недели. Од почетокот на годинава, имаше повеќе напади на Дамаск, а Армија на исламот со 38 ракети на 25 јануари го нападна градот, при што загинаа седум лица. Сириската државна телевизија соопшти дека...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...