Свет Европа Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинати во лавината во Италија се зголеми на 25 лица, 13 мажи и 12 жени, јавуваат италијанските медиуми.

Исчезнати се уште четворица, а спасувачките акции ќе продолжат сè додека не се пронајдат, иако е мала веројатноста тие да се преживеани, велат спасувачите.

Лавината го погоди хотелот „Ригопијано“ на 18 јануари во планинскиот регион Абруко во Централна Италија.

Лавината беше поттикната од серија земјотреси што го погодија тој дел од земјата, а тресењето на тлото се почувствувало и во Рим.

Два дена по несреќата, десет лица, меѓу кои и три деца, беа извлечени живи од урнатините и од снегот.

Италијанските истражители отворија истрага за убиство, земајќи ги предвид безбедносните мерки на хотелот во поглед на лавината.