Македонија Бројот на нови ковид-случаи се искачи на 792, за првпат по два...

Бројот на нови ковид-случаи се искачи на 792, за првпат по два месеца забележан двоцифрен број на починати лица

фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информираше дека од направени 9.270  тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 792 нови случаи на ковид-19. Според ова, процентот на новодијагностицирани во однос на вкупниот број направени тестови изнесува 8,5.

Најмногу новозаразени повторно има во Скопје, каде бројот на нови инфекции е 245. Над сто нови ковид-случаи има и во Тетово (136) и Гостивар (127).

Состојбата со новодијагностицирани пациенти во другите градови е следна: Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37, Охрид и Дебар – по 23, Струга – 16, Битола – 15, Ресен – 11, Велес – 9, Штип – 8, Радовиш – 7, Прилеп, Кочани и Делчево – по 5, Кавадарци и Виница – по 4, Свети Николе и Берово – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1 нов случај.

За првпат по два месеца е забележан двоцифрен број на починати лица, кој во последниве 24 часа се искачи на 10. Најмладиот починат пациент од Скопје имал 33 години.

Четворица од починатите лица се од Гостивар (44, 65, 69 и 74 години), тројца од Скопје (33, 71 и 83 години), двајца од Тетово (67 и 84 години), а едно починато лице е од Куманово (60 години).

Во изминатото деноноќие се регистрирани 104 оздравени пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на заразени лица од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 5.043.