Свет Европа Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври.

Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон.

Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит.

Предлог-законот со кој британскиот премиер Борис Џонсон е принуден да побара одложување на брегзитот закажан за 31 октомври доколку нема договор со Европската Унија, стана закон со одобрување на британската кралица Елизабета Втора.

Со законот усвоен ноќеска, парламентарците сакаат да го спречат премиерот да ја исклучи Велика Британија од Европската Унија без договор со унијата.

Џонсон рече дека нема да бара одложување. Тој, исто така, не го прифаќа договорот потпишан со ЕУ од неговата претходничка Тереза ​​Меј, заради спорниот дел во врска со границата со Ирска.