Свет Европа Британскиот гувернер предупреди на последици од можното напуштање на ЕУ

Британскиот гувернер предупреди на последици од можното напуштање на ЕУ

Шефот на британската централна банка, Марк Карни, изјави дека можното излегување на Велика Британија од Европската Унија претставува најголем ризик за економијата на земјата, но нагласи дека централната банка ќе остане неутрална по тоа прашање.

Според него, расправата за останување на Велика Британија во ЕУ може да го зголеми ризикот поврзан со трговијата, инвестициите, пазарот на недвижности и на финансии.

Тој додаде дека меѓународните ризици, како што е ослабувањето на економијата во Кина, претставуваат поголем проблем за британската економија.

Карни изјави дека одредени финансиски компании прават планови за работа во други земји ако Велика Британија одлучи да ја напушти Европска Унија.