Главна секција Британски новинар го фотографираше Груевски на прошетка во Будимпешта

Британски новинар го фотографираше Груевски на прошетка во Будимпешта

Даниел Нолан, дописник на британски „Гардијан“ од Будимпешта вчера на својот Твитер-профил објави фотографија од избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Груевски бил фотографиран од Нолан во центарот на Будимпешта, како чекори кон штанд за автобуски туристички тури „Хоп Он – Хоп Оф“. Фотографијата е направена пред бутикот „Ретрок“ близу метро станицата „Деак Ференц“ и паркот „Ержебет“ во Пешта, односно ноќниот клуб „Аквариум“.

Фотографијата е објавена вчера, на денот кога се наврши еден месец од бегството на Груевски од Македонија. Тој доби политички азил во Унгарија.