Галерија Британската амбасадорка Галовеј го поздрави поставувањето на мобилната болница кај Инфективна клиника...

Британската амбасадорка Галовеј го поздрави поставувањето на мобилната болница кај Инфективна клиника (галерија)

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј го поздрави поставувањето на монтажната болница до Инфективната клиника, на просторот каде што беа бараките на студентскиот дом „Медицинар“.

„Одлична соработка меѓу Министерството за одбрана и Град Скопје за изградба на капацитет за справување со епидемијата #COVID19. Оваа мобилна болница ќе го удвои капацитетот на Клиниката за инфективни болести и ќе ги поврзе здравствените експерти со пациентите. Важно е за сите нас да останеме дома и да ги почитуваме мерките на Владата на Северна Македонија“, напиша британската амбасадорка Рејчел Галовеј, споделувајќи фотографии објавени од Министерството за одбрана.

Мобилната болница, која е споена со Инфективната клиника ја изградија припадници на АРМ и луѓе од Военомедицинскиот центар.