Свет Европа Британија останува посветена на европската безбедност

Британија останува посветена на европската безбедност

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека неговата земја ќе остане посветена на европската сигурност по гласањето за излез од ЕУ.

– Тоа што ќе го кажам е дека Британија ја напушта ЕУ, но не ѝ врти грб на Европа, ниту на европската одбрана и сигурност – рече Камерон по доаѓањето на самитот на НАТО во Варшава.

Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, вети дека ќе се повлече од функцијата до септември, откако граѓаните на референдум изгласаа излегување од европскиот блок.